Европската унија ѝ воведе санкции на Турција: Брисел бесен поради турското бушење во Медитеранот

Европската унија ѝ воведе санкции на Турција по тврдењата дека бушењето во источниот Медитеран кои ги врши оваа земја се незаконски. Меѓутоа, Анкара најавила дека ќе ги продолжи своите активности и покрај тоа.

На состанокот на Советот на Европската унија во Брисел, на која присуствувале министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, усвоена е декларација за санкциите против Турција. 

ЕУ одлучила да го намали износот на претпристапни фондови за Турција, да ги разгледа кредитните активности на Европските инвестициски банки во Турција, да ги сопре тековните преговори со Турција за договорот за авијација и на одредено време да ги суспендира состаноците на високи ниво со Советот за приклучување.

Во декларацијата се наведува и дека, доколку Турција продолжи со активностите со бушење, ЕУ ќе разгледа уште некои мерки за претпазливост.

Меѓутоа, Анкара веднаш одлучно реагирала на одлуката на ЕУ.

"Одлуката на ЕУ да ги сопре преговорите на највисоко нив со Турција нема да влијае на нашата одлучност да продолжиме со бушење во источниот Медитеран. Турција ќе продолжи да ги штити своите права и правата на Турците на Кипар", се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега