Европската агенција за лекови сепак размислува за одобрување на руската вакцина

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека започнала со разгледување на документацијата за вакцината „Спутник В“, што ја изработи рускиот институт Гамалеја, со цел да одобри лиценца за употреба во Европската унија, пренесува „Ројтерс“.

Фондот за директни инвестиции на Русија објави дека ЕМА ќе ја процени усогласеноста на „Спутник В“ со стандардите на ЕУ во однос за ефикасноста, безбедноста и квалитетот, пренесува „РИА Новости“.

Медиумите пишуваат дека ваквата одлука на Европската агенција за лекови следува по низата критики за бавната набавка и дистрибуција на вакцини во земјите на ЕУ.

Претходно, Русија на ЕУ ѝ понуди 100 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19, но доби ладен туш од Брисел, од каде на компанијата што стои зад „Спутник В“ ѝ беше кажано дека нивната вакцина не влегува во стратегијата за борба против коронавирусот на Европската унија.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа