Европска агенција за превенција од болести: Европа сѐ уште не го достигнала пикот

Ковид-19 сѐ уште се шири и убива голем број луѓе ширум Европа. Нема знаци дека е дојдено до врвот на епидемијата, заклучи Европскиот центар за контрола и превенција на болести, пренесува Ројтерс.

Во извештајот на Центарот се вели дека бројот на мртви од сите причини, вклучително и Ковид-19 е поголем од очекуваното во Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија и тоа во најголема мера умираат луѓе постари од 65 години.

И покрај неодамнешните податоци од Италија и Австрија, каде дојде до пад на бројот на мртви, во извештојат се вели дека моментално нема знаци дека дошло до пикот на епидемијата.

Директорката на Центарот, Андреа Амон изјави дека со оглед на постојните достапни докази може да се очекува натамошно континуирано ширење на вирусот.

-Се уште е прерано за укинување на мерките за физичка дистанца, се вели во извештајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега