Европратеникот Ковачев по изјавата на Пендаровски: Нивото продолжува да ви паѓа

Пендаровски вчера изјави дека со политиката на негирање на македонскиот народ и јазик, Бугарија покажува дека не може да излезе од времето на Тодор Живков

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев денеска во бугарските медиуми одговори на изјавата на претседателот Стево Пендаровски кој вчера изјави дека денешна политика во Бугарија – власт, опозиција, сосема сеедно, нема излезено од матрицата на Тодор Живков, кого го посочи како основоположник на позициите дека не постои македонски народ и македонски јазик.

„Браво за Пендаровски! Конечно разбравме што се случи: Христо Татарчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Прличев и сите други преродбеници и револуционери се идентификуваа како Бугари затоа што ги следеа упатствата на Тодор Живков. На ист начин, царот Самоил и неговите синови се пишале како ‘бугарското семејство“ под притисок на овој ‘патник низ времето’. Нивото паѓа ли паѓа “изјавил Ковачев, пренесе БГНЕС.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега