Европратеничката Маријана Петир до членовите и делегатите на ВМРО-ДПМНЕ: Гласајте за Влатко, има срце за претседател (видео)

Европратеничката Маријана Петир преку видео порака се обрати до членовите и делегатите на ВМРО-ДПНЕ со порака на утрешната Конвенција за избор на кандидат за претседател на државата да гласаат за кандидатурата на пратеникот Влатко Ѓорчев.

– Важно е во овој историски момент кога Македонија е притисната од сите страни, кога нејзиниот идентитет, јазик и суверенитет се доведуваат во прашање, да има политичари кои имаат срце, ја сакаат земјата и се подготвен за неа да се борат бескпмпромисно. Претседателот на Републиката е институција, тој е човек кој ја претставува државата во светот и може да отвори многу затворени врати, а верувајте ми Влатко го може тоа, вели меѓудругото во изјавата за поддршка на Ѓорчев, европратеничката Петир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега