Европол разби балканска криминална група – трговци со кокаин

Европол разби балканска криминална група – трговци со кокаин. За време на полициска акција, биле запленети 2,6 тони кокаин, 324 килограми марихуана, девет скапи автомобили, пет мотоцикли и над 600 илјади евра во готово.

Акцијата била спроведена од страна на полицијата од Шпанија, Хрватска, Србија, Германија, Словенија, БиХ, САД и Колумбија, на повеќе локации, но во исто време. Уапсени биле лица од Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија, се вели во соопштението на Европол.

27.09.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега