Европа на удар на нов екстремно топол бран со температури до 45 степени целзиусови - Во Македонија до 37

Уште на самиот почеток од следната недела југозападните, западните и централните предели на Европа повторно ќе бидат на удар на екстремно топла воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка и ќе услови екстремно високи температури на воздухот кој особено во југозападните предели од Европа поточно во Шпанија и Португалија температурите на воздухот ќе се искачат дури до околу 45 степени, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Кај нас пак и натаму ќе имаме далеку пониски температури на воздухот иако ќе бидат типично летни и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени што значи дека Македонија не очекува и понатаму некој екстремни температури а така би требало да биде се до крајот на ова лето, и во текот на следниот месец не очекуваме некој екстремно високи температури, дури има услови температурите на воздухот да бидат под просекот, односно да биде посвежо од вообичаеното.

Понатаму следува период на претежно стабилно и суво време без врнежи, времето ќе биде сончево со сосема мала локална облачност. УВ ИНДЕКСОТ ќе има и понатаму ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува 11 па токму поради ова ве советуваме и понатаму да се заштитувате од лошото влијание на сонцето и да се пие се повеќе течности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега