Европските претставници ја одбија последната понуда на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор кој е во корист на Москва, предупредувајќи дека попуштањето пред Русија само ќе го охрабри претседателот Владимир Путин да ја нападне и таа членка на НАТО, јави „Политико“.

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, му порачала на тимот на Трамп дека нацрт-договорот за прекин на огнот од 28 точки нема да успее без поддршка од Киев и европските влади.

Американскиот предлог предизвикал загриженост во европските престолнини, особено поради тоа што тие биле исклучени од неговото изготвување. Според еден европски функционер, договорот „не претставува ништо повеќе од списокот со желби на Путин“.

Условите на нацрт-договорот, според меѓународните медиуми, предвидуваат Украина да ги предаде окупираните делови од источниот регион, да ја преполови својата армија и да се откаже од дел од своето западно оружје.

„За да успее кој било мировен план, тој мора да биде поддржан од Украина и од Европа“, изјави Калас пред новинарите во Брисел. „Притисокот мора да биде врз агресорот, а не врз жртвата. Наградувањето на агресијата само ќе доведе до поголема агресија“, додаде таа.

Exit mobile version