Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира дека денеска дел од жителите на село Орман ќе останат без напојување со електрична енергија поради планирани технички интервенции.

Прекинот на струјата е најавен од ЕВН Македонија АД.

„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 04.12.2025 година (четврток) без електрична енергија ќе останат – во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Орман (Општина Ѓорче Петров)“, стои во соопштението на РЦУК.

Се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија во најавениот период.

Exit mobile version