ЕВН Македонија доби награда за долготрајното членство во Стопанската комора на Македонија

На одбележувањето на 98-та годишнина од постоењето на Стопанската комора на Македонија, ЕВН Македонија беше одликувана со „Награда за долготраен активен член на Стопанската комора на Македонија“. Наградата му беше врачена на Претседателот на Управниот Одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер. Тој истакна дека наградата претставува официјално признание на бизнис заедницата за придонесот на ЕВН Македонија кон развојот на целокупното општество. 

„Низ својата 14-годишна историја ЕВН преку своите инвестиции во мрежата, во човечкиот капитал и животната средина покажува дека има моќ да ги следи барањата на бизнисот, но во исто време и да биде двигател на иновациите во македонската економија“, посочи г. Петер.

 

Настанот се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје, со присуство на владини функционери, многубројни претставници на стопанството и меѓународната заедница. По повод годишнината беше презентирана и студијата „Западен Балкан на глобален пазар: можности за трговија и инвестиции“. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега