Еве што го уби славниот актер Кори Монтит

Кори Монтит ѕвездата од популарната серија „Glee“ кој беше пронајден мртов во хотелска соба се утврдило дека починал од мешавина на алкохол и хероин. По направената истрага сите докази покажуваат дека ѕвездата починала од хероин кој го измешал со алкохол. Претходно Монтит имал вечера со својот менаџер според кој во тој момент со Монтит се било во ред. Според полицијата на Канада, ѕвездата пред да се врати во хотелот околу 2:15 минути утрото бил виден со уште тројца засега непознати лица. Неговото тело било пронајдено од страна на вработените на хотелот дури попладнето кога требало да се одјави од собата. Трите лица се приведени на сослушување но ниту еден од нив засега не е уапсен. Девојката на Монтит била свесна за неговата зависност и се обидела да му помогне. 

 

 

најчитано сега