Попладнево во неонатолошкиот оддел на Општата болница во Чачак избувна пожар, а според неофицијални информации, се случил во просторијата каде што биле чувани бебињата.

Персоналот и пожарникарите брзо реагирале, а на местото на настанот пристигнале две противпожарни возила со неколку пожарникари и спасувачи, кои успеале да го локализираат пожарот, јавува дописник на Танјуг.

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени, а точната причина за пожарот ќе се знае по истрагата на надлежните служби.

Exit mobile version