Еуптираше вулкан во Шпанија, евакуирани се илјадници луѓе

Евакуирани се илјадници жители од шпанскиот остров Ла Палма, каде еруптираше вулкан дури по половина вик. Вулканот исфрла лава, чад и пепел.

Последната евакуација на овој вулкан, кој го носи името Камбре Виеја, била во 1971 година.

Досега чадот и лавата зафатиле четири главни автопати, а според изворите на шпанската полиција, бројката на луѓе кои биле евакуирани била помеѓу 5.000 до 10.000 жители.

Важна информација е дека досега нема извештаи за човечки жртви.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, го одложи своето патување во Њујорк, каде треба да присуствуа на Генералното собрание на ОН, бидејќи најави дека ќе се упати кон островот Ла Палма.

 

20.09.2021 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа