ЕУ воведува корона пасоши - Меркел потврди дека сигурно ќе бидат достапни до лето

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави вчера дека дигиталниот сертификат за вакцинација, кој ќе им овозможува на луѓето да патуваат низ Европа и покрај пандемијата коронавирус, веројатно ќе бидат достапни пред летото.

„Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација“, рекла Меркел на конференцијата за новинари после самитот на ЕУ, кој се одржа во онлајн формат, пренесува Ројтерс.

Германската канцеларка додала дека на ЕК ќе и бидат потребни околу 3 месеци да развијат техничка основа за таков документ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа