ЕУ воведе тарифи за кинеските производи

Европската унија воведе тарифи за кинеските производители на материјали од стаклени влакна кои се произведуваат во Кина и Египет.

ЕУ посочува дека користат нефер субвенции кои им овозможуваат продажна по претерано ниски цени во Европа.

Европската комисија, која ја контролира трговската политика во 27 земји-членки, соопшти денеска дека кинеските компании добиле позајмици по повластени услови, земјиште и електрична енергија по вештачко ниски цени, како и разни донации и даночни олеснувања, пренесува Ројтерс.

Тарифите се накачија помеѓу 30 и 99,7 отсто, при што поголемата стапка ќе биде за компаниите со седиште во Кина, а пониските за производителите во Египет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега