ЕУ сака да ја ограничи цената на гасот

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент предложи ограничување на цената на гасот за производство на електрична енергија и се залага за заеднички систем за набавка на енергија во ЕУ.

Таа предупреди дека по зимата складиштата за гас ќе мора повторно да се полнат, нагласувајќи дека ЕУ „треба да има заеднички систем за набавка на енергија“.

На 18 мај, Европската комисија го претстави планот REPowerEU како одговор на тешкотиите и нарушувањата предизвикани од руската инвазија на Украина на глобалниот енергетски пазар. Тој план предвидува прекин на зависноста од руските енергетски извори до 2027 година.

„ЕУ е подготвена да разговара за ограничување на цената на гасот за производство на електрична енергија“, изјави Фон дер Лајен пред европратениците.

Шефот на ЕК рече дека ограничувањето на цената на гасот за производство на електрична енергија ќе биде „привремено решение до новиот европски индекс на цените“.

Фон дер Лајен предупреди и дека е неопходно да се заштити европската енергетска инфраструктура.

„Саботажата на гасоводот Северен тек покажа колку е ранлива нашата енергетска инфраструктура. Мораме да бидеме поподготвени, да спроведеме стрес-тестови на критичната инфраструктура, да користиме сателити за следење и откривање на потенцијални закани“, рече Фон дер Лејен.

05.10.2022 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега