ЕУ поделена околу сертификатот за вакцинација

ЕУ поделена околу сертификатот за вакцинација. Австрија, Грција и Шпанија, бараат брзо усвојување на ЕУ-сертификат за оние кои веќе се вакцинирале, за да можат слободно да патуваат. Германија и Франција се претпазливи, поради нецелосните податоци за инфекцијата. Но сепак по денешниот состанок канцеларката Меркел изјави дека сите се согласни дека сертификатите се потребни. Претседателката на ЕК, фон дер Лајен објасни дека секоја земја членка ќе треба да ги имплементира во својот здравствен систем и на граничните контроли.

Фон Дер Лајен изјави дека ќе бидат потребни најмалку три месеци да се воспостави интероперабилен систем на сертификати за вакцинација во ЕУ.

– Системот ќе поддржува информации за вакцинација на лице, негативен ПЦР тест или имунитет. Потребна ни е брза имплементација доколку сакаме овие сертификати да бидат функционални пред летото, заклучи Вон Дер Лајен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега