ЕУ од идната недела ќе почне да штеди гас

Европската унија (ЕУ) реши да ја намали потрошувачката на гас за 15 отсто од идната недела за да се компензира намалувањето на испораките од Русија.

Договорот за оваа мерка беше постигнат на вонредниот состанок на 26 јули, а само Унгарија се спротистави и сметаше дека мерката е неоправдана и штетна.

„Ако работиме добро, може да го замениме рускиот гас“, кажа францускиот еврокомесар Тиери Бретон.

05.08.2022 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа