ЕУ најавува ковид пасоши: Со нив послободно ќе се патува

Европската комисија месецов ќе предожи воведување на дигитални сертификати кои би била доказ дека едно лице е вакцинирано против Ковид-19. Тоа на жителите не ЕУ ќе им овозможи послободно да патуваат летово.

Планот за воведување на т.н. „дигитална зелена дозвола“ ќе биде претставен на 17 март. Како што објавуваат медиумите, ЕК ќе соработува со меѓународни организации за да се обезбеди систем што би функционирал и надвор од ЕУ.

-Целта е постепено да се постигне безбедно движење низ Европската унија и надвор од неа поради работа или туризам, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа Твитер.

Некои европски држави, како Грција, Шпанија и Португалија ја притискаа Еу да воведе ковид-пасоши. Токму државите кои „живеат“ од туризам сметаат дека на тој начин ќе се поттикне европскиот туризам.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега