ЕУ ќе се координира за воведување на брзи корона тестови и за вакцините

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се заложи денеска за воведување на брзи тестови на коронавирус во Европската унија и за координација во врска со идната вакцина.

 

„Сега ни е потребна одлучна акција, превенствено на европско ниво, засновано на два столба: тестирање и следење на вакцината“, рече Мишел два дена пред самитот на ЕУ за пандемијата од коронавирус.

Мишел се заложи за координација на одобрувањето на брзи (антигени) тестови за да се „гарантира нивното признавање на европско ниво и за да им бидат достапни на сите и секаде“.

Претседателот на Европскиот совет исто така побара ускладување на апликациите за барање и предупредување на луѓето кои биле во контакт со заразено лице, како и координирање на заедничките правила за изолација и карантин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа