ЕУ ќе издвои 924 милиони евра за зајакнување на одбранбени капацитети

 

Европската комисија денеска ја усвои годишната програма за работа на Европскиот одбранбен фонд со која се предвидуваат 924 милиони евра за инвестиции и одбранбени капацитети на ЕУ за 2022 година.

Истовремено се планирани дополнителни средства за одбранбени иновации од две милијарди евра, со цел „ЕУ да стане центар на иновации во одбранбениот сектор“.

Денеска решивме да мобилизираме една милијарда евра од буџетот на ЕУ за развој на заеднички одбранбени проекти, особено во вселената, сајбер-просторот и другите области со висока технологија.

Во нашиот нов безбедносен контекст, тие инвестиции ќе придонесат за затворање на европскиот одбранбен јаз, велат претставниците на Европската комисија, пренесе Танјуг.

25.05.2022 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега