Естрадата завиена во црно: Почина македонскиот музичар

Младиот музичар Денис Демиров, попознат како дел од групата „Газоза бенд”, починал утринава, на 38-годишна возраст.

Веста смртта на Демиров ја потврди и неговиот колега Џамбо Агушев, кој изјавил дека според првичните информации кои ги добил, Демиров починал дома, во сон. Иинаку Демиров имал и проблеми со шеќерот и висок крвен притисок.

– Многу жално, Денис над 20 години беше дел од естрадата. Сите сме затекнати, млад човек, изјави Агушев за медиумите.

Голем број негови колеги денеска споделуваат фотографии со музичарот и на социјалните мрежи се збогуваат со Денис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2021 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега