ЕСМ: Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица

 АД ЕСМ соопшти дека нивниот хотел „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карактин за 90 лица кои ќе се вратат назад во земјава од други земји.

Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот.

– Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација, велат од АД ЕСМ.

За овие потреби, од страна на АД ЕСМ на располагање се ставени и хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, каде во текот на утрешниот ден се очекува да бидат сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега