ЕСМ: Блок 2 не е паднат - само тестиравме, попладне ќе биде вратен во мрежата

ЕСМ информира дека БЛОК 2 во РЕК Битола не е паднат туку е изваден надвор од системот за да може да се извршат неопходни тестирања.

„Ја известуваме јавноста дека Блок 2 на РЕК Битола е во функција. Во моментов на постројката се изведува технолошки процес на испитување на заштитата на генераторот. Станува збор за испитување на нова, софистицирана опрема за заштита на генераторот од германскиот производител Сименс која беше набавена и инсталирана со цел зголемување на доверливоста на капацитетот и заштита на опремата. Испитувањата се очекува да завршат во попладневните часови по што Блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа. “ - велат од ЕСМ

Блок 2 од утрово не произведува електрична енергија.

15.11.2021 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега