Ескобар: Убеден сум дека ништо нема да им се случи на Србите на Косово по 1 септември

Специјалниот американски претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар во Белград изрази уверување и надеж дека Србите на северот на Косово нема да забележат промена во своите животи по 1 септември, кога Владата во Приштина најави почеток на примената за мерките за реципроцитет.

Жителит на северот на Косово ќе треба да ги променат регистерските таблички, а Ескобар по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ кажа дека ништо посебно нема да им се случи на Србите на Косово.

„Животите на Србите нема да станат полоши, туку ќе бидат признаени како легитимни државјани на Србија и на Косово“, вели Ескобар.

26.08.2022 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа