Ескобар пристигна во Скопје, ќе се сретне со Пендаровски и други високи функционери

Заменик помошникот на Државниот секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар утре доаѓа во Скопје на средби со претседателот Стево Пендаровски и други клучни функционери, соопшти Американската амбасада во Скопје.

– Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери на Северна Македонија да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот, објавија од Амбасадата на САД.

На Самитот на Западен Балкан во октомври, Ескобар рече дека САД се свесни дека не сите земји од ЕУ сакаат брзо проширување, но дека САД работи заедно со ЕУ на решавање на проблемите, додавајќи дека искуството на САД со земјите од регионот кои се во НАТО е позитивно и дека ЕУ може да го очекува истото.

05.12.2021 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега