Ешли Греам го откри полот на бебето, а покажа и како изгледа во бременоста (ВИДЕО)

 

Познатиот плус-сајз модел, Ешли Грејам, за време на гостувањето кај Елен Деџенерис го откри полот на бебето кое треба да се роди во јануари.

 

Таа откри дека очекува син и дека терминот е во јануари, на што Елен се пошегува дека сака бебето да се роди на 26 јануари, кога ѝ е и нејзе роденден.

Сепак, моделот откри дека крајниот термин е нешто порано од тоа. Ешли за својата бременост вели дека добро ја поднесува и дека се труди да вежба, за да не се запостави.

Среќната вест таа и нејзиниот сопруг ја открија при крајот на август. По 9 години брак, тие соопштија дека го очекуваат своето прво бебе.

 Таа е позната по тоа дека не се срами од своите несовршености, па оа го докажа и пред еден месец кога реши да објави видео од своето голо тело и да ги покаже стриите и трудничкиот стоомак кое по се се чини дека им се допадна на нејзинте фанови бидејќи беше лајкувано повеќе од 4 милиони пати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега