Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани 3 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според податоците на УХМР, измерени се 5 степени во Лазарополе, 6 во Маврови Анови, Битола и Крушево, 7 во Крива Паланка, а 8 степени се регистрирани во Берово и Претор. Во Охрид, Виница и Прилеп утринската температура изнесувала 9 степени, додека 10 степени се измерени во Куманово, Тетово, Штип и Струмица.
Во Скопје, на мерната станица во Зајчев Рид, се измерени 11 степени, додека во Велес, Кавадарци, Демир Капија и на скопскиот аеродром Петровец термометрите покажале 12 степени. Најтопло утрово било во Гевгелија, каде се измерени 14 Целзиусови степени.
Од УХМР информираат и за количината на наврнат дожд во изминатите 24 часа (до 8 часот утринава). Најмногу дожд има во Крива Паланка со измерени 21 литар на квадратен метар. Во Виница навлернале 9 литри на квадратен метар, во Берово 8, во Куманово 4, додека по 1 литар на квадратен метар се регистрирани во Штип и Лазарополе.


