Ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд личи на катастрофата во Чернобил - сѐ е прекриено со пепел

Полицијата во Нов Зеланд соопшти дека денеска покренува криминалистичка истрага за смртта на туристите на вулканскиот Бел остров.

После вчерашната ерупција на вулканот потврдена е смртта на пет лица, додека осум луѓе се водат како исчезнати, меѓутоа, нестабилните услови на островот ја попречуваат потрагата, пренесува АП.

 

Околу 47 лица биле на островот во времето на ерупцијата, од кои некои од евакуираните се здобиле со критични изгореници.

Нестабилните услови и понатаму ги спречуваат спасувачките екипи во потрагата по исчезнатите, а експертите утврдуваат дали е безбедно да се вратат на островот за да трагаат по нив.

Авионите летале над островот повеќе пати и во ниту еден момент не забележале знаци на живот. изјавила премиерката Џасинда Ардерн.

Расел Кларк, болничар на одделението за интензивна нега, рекол дека ерупцијата изгледала како нуклеарна катастрофа во Чернобил, само што се било покриено со пепел.

Ардерн рекла дека меѓу повредените има и туристи од Австралија, САД, Велика Британија, Кина и Малезија.

Премиерот на Австралија Скот Морисон рекол дека 11 Австралијанци исчезнале, а 13 се хоспитализирани.

Се верува дека меѓу петмината настрадани тројца се Австралијанци, рекол тој за новинарите во Сиднеј.

„Се плашам дека ќе пристигнат полоши вести“, рекол Морисон.

Ардерн рекла дека Белиот остров е многу непредвидлив вулкан, и дека ќе се разгледа прашањето дали туристите треба да го посетуваат, меѓутоа дека сега фокусот е на луѓето кои биле погодени од неговата ерупција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега