Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека Венецуела не смее да биде дестабилизирана. Тој го нагласил ова во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, по американската воена операција во која беа уапсени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга.

„Ние не одобруваме никакви дејствија, каде и да било во светот, што ја нарушуваат политичката легитимност и меѓународното право. Во случајот со Венецуела настојуваме да го направиме она што е најдобро и најисправно, и за Турција и за пријателскиот венецуелски народ“, изјави Ердоган по претседавањето со првата годинашна седница на неговиот кабинет.

Тој додаде дека во разговорот со Трамп ја пренел загриженоста на Турција за состојбата во Венецуела, нагласувајќи дека земјата не треба да се турка кон нестабилност.

Ердоган истакна дека Мадуро и венецуелскиот народ во повеќе наврати покажале пријателски однос кон Турција и дека двете земји ѝ даваат приоритет на меѓусебната солидарност во тешки времиња.

„Нарушувањето на суверените права на државите и погазувањето на меѓународното право се ризични чекори што можат да доведат до сериозни компликации на глобално ниво“, предупреди турскиот претседател.

Exit mobile version