Ердоган: Турција нема да отстапи од членството на Шведска и Финска во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да отстапи по прашањето за приемот на Шведска и Финска во НАТО, откако двете земји ќе ги официјализираат своите сојузи, пренесе АФП.

„Како можеме да им веруваме? Шведска е плодна почва за терористички организации. Нема да се откажеме од членството во НАТО на оние кои воведуваат санкции кон Турција“, повтори Ердоган.

Тој ги прекори двете северноевропски земји дека се премногу благи со курдските бунтовници ПКК, партија која Анкара ја смета за терористичка.

Ердоган рече дека делегациите од Шведска и Финска не треба да се мачат да дојдат во Анкара за да ја убедат Турција да го одобри нивното членство во НАТО, додаде Ројтерс. Претседателот повтори дека Шведска и Финска ги засолнуваат луѓето поврзани со терористичките групи, имено ПКК и следбениците на Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за пуч во 2016 година.

17.05.2022 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа