Ердоган повика повеќе од 80 милиони луѓе: Примените го „доброволниот карантин“

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган повика повеќе од 80 милиони граѓани да применат „доброволен карантин“.

Ги повика и да не ги напуштаат своите домови, освен за основни и итни потреби во момент кога бројот на починати од коронавирусот во земјата достигна 92.

Ердоган најави и стопирање на сите меѓународни летови.

Исто така, рече и дека во 30 големи турски градови ќе бидат формрани совети за пандемија кои ќе преземаат дополнителни мерки за превенција доколку е потребно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега