Ердоган побара повлекување на демонстрантите од паркот Гези

Премиерот на Турција Ердоган денеска ги повика огромниот број на демонстранти во паркто Гези во Истанбул да се повлечат откако неговата влада ја прими пораката преку преговорите кои беа направени со цел да се прекинат двонеделните демонстрации. 

 -Стоевте тука колку што можевте и ја испративте вашата порака. Ако пораката Ви беше за паркот Гези на Таксим,  таа е примена и земена е во предвид, посочи Ердоган на средбата на својата Партија на правдата и развојот (АКП). „Сега ве молам да го напуштите паркот Гези и да се вратите во своите домови“, уште кажа турскиот премиер.

Премиерот се правдаше за проблемот со паркот Гези а демонстрациите ги нарече „театар под отворено небо“ направени со цел да се изврши политички и економски притисок. 

-Знаеме дека во преден план на плоштадот Таксим се добронамерните луѓе. Знаеме, исто така, меѓутоа, дека има и луѓе кои подготвувале провокации, има терористички и нелегални организации, посочи Ердоган.

За него ваквите протести претставувале инструмент за игри на оние кругови кои остануваат во заднина. Ердоган ги искритикува и медиумите за нивната позиција во известувањето на настаните, велејќи дека известувањето било еднострано и била прикажана само едната страна на вистината. 

-Странските медиуми не можат да знаат и не го разбираат тоа што се случува во Турција. На локалниот печат, меѓутоа, не можеме да му дозволиме да лаже, рече турскиот премиер, цитиран од руските медиуми.

 Тој како неправедна и еднострана ја оцени информацијата во медиумите, што главно се однесува на „полициската произволност и строгите 

мерки при задушувањето на протестите“.

 -Полицијата се бори со сите појави на прекршување на законот. Во сите земји полицијата има право да употреби солзавец во борбата со прекршителите на законот. И да бидеме обвинети за примена на прекумерна сила - тоа се двојни стандарди, рече Ердоган.

најчитано сега