Ердоган најави војна: Ќе нападнеме со тенкови и војници

 

„Турција наскоро ќе ги нападне милитантите со тенкови и војници“, изјави претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, најавувајќи можна копнена офанзива против курдската милиција во Сирија.

Неговите зборови дојдоа додека турската артилерија продолжи да ги гранатира курдските бази и други цели во близина на сириските градови Тал Рифат и Кобани, изјавија за Ројтерс два сириски воени извори.

„Веќе неколку дена се бориме против терористите со нашите авиони, топови и оружје“, рече Ердоган во говорот во североисточна Турција.

„Да даде Господ, ќе ги истребиме сите што е можно поскоро, заедно со нашите тенкови, нашите војници“ рече Ердоган.

Тој претходно рече дека операциите нема да бидат ограничени на воздушни напади и би можеле да ги вклучат и копнените сили.

Во последниве години, Турција започна неколку големи воени операции против сириската курдска милиција, Единиците за заштита на народот (ИПГ) и милитантите на Исламската држава во северна Сирија.

23.11.2022 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега