Ердоган конечно се согласи: Ќе запре реконструкцијата на паркот во Истанбул

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган конечно се согласи да бидат прекинати плановите за реконструкција на истанбулскиот парк Гези по антивладините протести.

- Позитивен резултат од синоќешните разговори меѓу Ердоган и претставници на демонстрантите е тоа што премиерот изјави дека проектот нема да продолжи пред конечната судска одлука, истакна портпарол на еколошкото движење „Солидарност со Таксим“.

Според плановите на власта, на местото на паркот со околу 600 дрвја би била изградена касарна од времето на Отоманската империја.

најчитано сега