Епидемиолозите утре ќе ги бараат контактите на Амди Бајрам и ќе одлучат кој ќе оди во самоизолација

Лидерот на Сојузот на Ромите во Македонија и поранешен пратеник, Амди Бајрам денеска почина во приватната болница „Филип Втори“.

Резултатите од неговиот посмртен тес за коронавирус покажаа дека Бајрам бил позитивен.

Минатата недела Бајрам организираше голема свадба за својата внука Перјан на брод во Турција, на која присуствуваа 600 лица, а епидемиолозите за САКАМДАКАЖАМ.мк најавија дека утре ќе се бараат сите негови контакти.

„Епидемиолозите утре ќе работат на епидемиолошките анкети и во зависност од ризикот на зараза ќе определат кој да се тестира, а кој да биде во самозиолација“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.мк директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Александар Стојанов.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, д-р Ирина Сотирова-Бухова вели дека погребите се надлежност на Министерството за транспорт и врски, а за погреб на лице починато од ковид-19 е задолжена установата каде починало лицето, и дека за тоа има посебен протокол со одлука на Владата.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека Бајрам имал комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести.

На новинарското прашање во однос на тоа дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, Филипче одговори дека се уште нема подетални информации за тоа.

– Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации, изјави Филипче во Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега