Епидемиолозите тврдат: Оваа земја ја делат само неколку месеци до крајот на пандемијата

Велика Британија е можеби само на неколку месеци до крајот на пандемијата, бидејќи вакцините драстично го намалија ризикот од хоспитализација и смрт, изјави денеска епидемиологот Нил Фергусон од Универзитетот за јавно истражување „Империјал колеџ“.

Премиерот Борис Џонсон верува дека една од најголемите економии во Европа може да се рестартира со полн капацитет заради вакцинирањето на многубројното население, а неговата одлука претставува ново поглавје во глобалниот одговор на коронавирусот.

Бројот на нови инфекции на дневна основа паѓа шести ден по ред, иако Џонсон постојано истакнува дека пандемијата сè уште не е завршена.

„Сè уште не сме надвор од опасност, но равенката радикално се промени“, рече Фергусон.

Според него, вакцинацијата значително ги намали ризиците од болничко лекување и смрт.

„Верувам и сум оптимист дека кон крајот на септември, во октомври, најдолгиот период на пандемија ќе биде зад нас“, рече епидемиологот од Кралскиот колеџ.

Премиерот Џонсон на 19 јули ги укина скоро сите ограничувања од пандемијата на коронавирусот во Англија за да го забрза закрепнувањето на економијата, и тој ден беше наречен „Ден на слободата“.

Доколку неговата одлука се покаже добра, тоа би бил излез од пандемијата, но новата стратегија носи и ризици – може да се појави варијанта отпорна на вакцини и бројот на заболени да го преоптовари здравствениот систем.

Фергусон повторува дека Ковид-19 ќе биде присутен во Велика Британија до октомври и дека ризикот од смрт кај заболените ќе продолжи да постои.

„Но, најголемиот дел од пандемијата ќе биде зад нас“, рече тој.

Велика Британија е на седмото место во светот според смртни случаи од коронавирус.

27.07.2021 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега