Енрике Каприљас ја обвини власта дека ја украла победата на изборите

Тој загуби минимално на изборите од страна на Николас Мадуро, наследникот на Уго Чавес, велејќи дека тој му ја украл победата од гласањето. 

- Вие ја украдовте изборната победа, тоа е вистината. Вие го омаловаживте изборниот процес и треба да им објасните на народот и на светот, изјави Каприљас на прес-конференција, изразувајќи сомнеж за резултатите од денешното повторно пребројување на гласовите од изборите.

Против Каприљес беше остворена истрага во врска со смртта на деветте демонстранти и повредата на десетици лица, за време на опозицискиот протест кој прерасна во насилство. 

Според властите, со ова насилство се покажува дека опозицијата и делумно Каприљас планирале државен удар. Тимот на опозицискиот лидер ги отфрли ваквите тврдења.

најчитано сега