Емина Јаховиќ потврди дека раскинала со Садетин: Милионерот во депресија

Емина Јаховиќ раскинала со Садетин Саран, кој наводно многу ја притискал.

Пејачката била среќна со турскиот милионер, дури и го запознала со синовите Јамам и Јавус, но кога тој почнал да ја притиска да живеат заедно, Емина се повлекла, пишуваат турските медиуми.

Се проширија гласини и дека Емина го напуштила милионерот поради дотичната Дафне Самијели.

„Точно е, тоа е готово, не сум веќе со Садетин“, рекла Емина за еден турски медиум, а на прашањето дали причината за раскинувањето е наводната врска на Садетин и Дафне Самиели, само додала дека не ја познава дотичната дама и дека причина за раскинувањето е тоа што сака да биде сама некое време.

И додека Емина по раскинувањето се посветила на кариерата, турските таблоиди пренесуваат дека Садетин наводно е во тешка депресија и дека се лекува во приватна австриска клиника.

„Садетин најмногу време поминува покрај езерото и на базенот. Истата клиника ја посетил и кога се развел од сопругата“, рекол неименуван извор за турските медиуми.

На прашање на новинарите дали Емина го оставила поради неговата наводна врска со Дафне, одговорил дека за таа дама никогаш не слушнал и дека не сака да го коментира раскинувањето со пејачката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега