ЕМА ја разгледува употребата на „Фајзер“ за деца од 5 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја проценува употребата на вакцината „Фајзер/ Бионтек“ против коронавирусот кај децата на возраст од пет години.

ЕМА објави дека ќе ги анализира податоците, вклучувајќи ги и резултатите од тековната студија, за вакцина дистрибуирана под името Комирнати. Ваквите вакцини веќе се одобрени за деца над 12 години во САД и ЕУ.

Вакцината со две дози, базирана на нова mRNA технологија, произведува силен имунолошки одговор кај децата на возраст од 5 до 11 години, покажа клиничкото испитување на 2.268 учесници, објави компанијата минатиот месец. 

 

18.10.2021 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега