Ел Чека осуден условно на 1 година затвор за објавените телефонски разговори

Кичевскиот Основен суд донесе пресуда - условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело, за кичевчанецот Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, дознава Алсат.

Веста ја  потврди и неговиот адвокат, Бесник Асани.

Во пресудата пишува дека Ел Чека од 29 до 31 мај 2019 година, на социјалната мрежа ФБ, објавил повеќе тонски снимени прислушувани телефонски разговори, со што им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и други неповикани лица да се запознаат со содржината на ваквите разговори. Адвокатот Асани вели дека не се задоволни ниту од пресудата ниту од текот на постапката.

„Mислиме дека се направени многубројни суштински повреди на постапката, според кривичниот законик.Една од тие е што во ова дело не постои оштетена страна, кој е битниот и главен елемент во кривичната постапка.Ова го знае и еден студент од прва година на Правен фукултет, дека ако не постои оштетена странка, неможе да постои и кривично дело“, рече Бесник Асани-адвокат на Ел Чека.

Асани вели дека ќе ја обжали пресудата пред Апелациониот суд во Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега