Екстремно студен бран, познат како „рускиот залак на зимата“, се подготвува да ја зафати Европа веднаш по Божиќ. Според светските метеоролошки сервиси, арктичка воздушна маса ќе донесе пет дена снег во Велика Британија, по што ледениот фронт ќе се прошири низ централна Европа, стигнувајќи до Хрватска и Србија.
Метеоролозите предупредуваат на „сибиски студ“ кој ќе донесе ледени денови и температури до -10 степени. Студениот воздух од Русија ќе почне да се спушта кон Балканот по 22 декември, менувајќи ја синоптичката карта на целиот континент.
„Ова би можело да биде промената која ќе го обележи поголемиот дел од зимата. По 26 декември постои сериозна можност за снег и вистински зимски температури и во низините“, најавуваат метеоролозите.
Граѓаните се советуваат навреме да ги проверат системите за греење и да се подготват за услови кои можат да предизвикаат прекини во сообраќајот и проблеми со снабдувањето со енергија.

