Експлозија во руска лабораторија - место каде се чуваат мноу вируси

Експлозија на гас предизвикала пожар во рускиот лабораториски комплекс во кој се складираат примероци со опасни заразни болести како што се морбилите, антраксот и еболата, соопштиле во понеделникот руските власти, а пренесува Гардијан.

Од рускиот Државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија ја негирале можноста пожарот во јавност да изложи опасни патогени.

До експлозија дошло на петтиот спрат од комплексот Вектор за време на работењето во собата за санитарна испекција. Вирусот морбили се чува на само две места во целата планета, во комплексот Вектор и во лабораторија со висок степен на безбедност во Американскиот центар за контрола и превенција од болести во Атланта.

Еден работник после експлозијата се здобил со изгореници од трет степен, а самата експлозија искршила неколку прозори во зградата. Пожарот наводно се проширил во вентилациониот систем на објектот, но подоцна бил изгаснат.

Светската здравствена организација дозволила во Вектор да се складираат примероци од вирусот морбили поради високото ниво на безбедност и заштита на објектот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега