Експлодираше џамија во Кундуз, се трага по бројот на загинати

За време на петочна молитва во градот Кундуз, главниот град на авганистанската провинција Кундуз, експлодирала џамија. Како што пренесува „Синхуа“, има загинати, потврдил провинциски извор, ама се не знае точниот број.

– Инцидентот се случи кога петочната молитва беше во тек на пладне во локалитетот Сајед Абад. Засега немаме повеќе детали, но ќе се обидеме да добиеме повеќе информации, изјави за Синхуа Матиулах Рохани од провинциската влада.

Досега, никоја терористичка група не ја презеде одговорноста за нападот.

08.10.2021 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега