Експертите предупредуваат: Во бејрутското пристаниште има уште најмалку 20 контејнери со опасни хемикалии, еден претекува

Хемиските експерти и пожарникари работат на осигурување на уште најмалку 20 потенцијално опасни контејнери со хемикалии во разурнатото бејрутско пристаниште.

Член на францускиот тим откри дека еден од контејнерите претекува.

Некои од нив се напукнати од смртоносната експлозија која на 4 август се случи во пристаништети, изјави поручникот Антони, француски хемиски експерт кој нема овластување да го каже своето целосно име.

Француските и италијанските хемиски експерти досега идентификувале повеќе од 20 контејнери со опасни хемикали, рече Антони.

-Забележавме дека контејнери со ознака за хемиска опасност и тогаш видовме дека еден од нив протекува, објаснува тој во интервју за Асошиејтед прес.

Експертите соработуваат со либанските пожарникари да ги осигураат сите контејнери и ја анализираат нивната содржина.

Антони не откри за какви супстанци станува збор.

Либанските власти не ги коментираа овие наводи.

Во експлозијата која се случи минатиот вторник загинаа најмалку 160 луѓе, а повредени се околу 6.000.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега