Експертите од СЗО со запрепастувачко предупредување: Една болест за неколку дена може да убие 50 милиони луѓе

Експертите предупредуваат дека болест како грип може да помине низ целиот свет за 36 часа и да убие 50-80 милиони луѓе.

Тоа е заклучок на експертите на Светската здравствена организација на панелот кој го организирал Одборот за надгледување на глобалната подготвеност за пандемија (ГПМБ).

Пред еден век пандемијата на шпанска треска заразила третина од светската популација и усмртила 50 милиони луѓе. Ако слично сценарио би се случило и денес, со популација која на големо патува на сите страни од светот, последиците би биле уште полоши, истакнува извештајот ГПМБ.

Тимот на здравствени експерти во Одборот за надгледување на глобалната подготвеност (ГПМБ), телото кое заедно го оформиле Светската здравствена организација и Светската банка, а на чие чело е поранешниот шеф на СЗО, предупредиле дека во извештајот има закана за пандемија која е вистинска.

Во случајот на пандемијата, како што прогнозирале, мноу национални здравствени системи, особено оние сиромашните, би колабирале.

Од СЗО велат дека не се добро подготвени за вкавата пандемија.

Во извештајот на ГПМБ се наведуваат и низа мерки кои меѓународната заедница треба да ги преземе за да ги заштити луѓето ширум светот во случај на болеста да се рашири без контрола. Тедрос Адхан Геберјсус, генералниот директор на СЗО, ги повика владите да научат лекции од епидемијата и да го „поправат кровот пред да дојде дождот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега