Експертите ги објаснуваат разликите меѓу маските за лице: Како и кога да се носат и дали помагаат

Маските и ракавиците се најбараните артикли во моментот на пандемијата коронавирус. Постојат повеќе видови маски, а експертите објаснуваат колку се ефикасни и кога треба да се носат.

Хируршките маски, кои во регуларни услови чинат нешто повеќе од 5 денари, се еднократни. Главно ги користат хирурзите за да ги заштитат своите пациенти. Како што пишува „бизнисајдер“, овие маски се препорачливи само за оние кои се веќе заразени, за низ плунката да не ја шират заразата. Здравите луѓе кои ги носат не се целосно заштитени од заразата, но ако немате друга можност, добри се и тие.

Со оглед на тоа дена изминативе денови хируршки маски нема по аптеките, граѓаните не седат со скрстени раце и почнаа да си шијат маски за себе и членовите од семејството, но и да ги подаруваат на оние на кои им се потребни.

-Препораката е овие маски да се шијат исклучиво од прирони материјали кои може да се вријат на 90 степени, најдобро во некој сад. Значи, овие маски може да не заштитат, но штом ќе се вратиме дома да ги извадиме и да ги зовриеме, а потоа да ги испегламе и други потоа повторно да ги користиме. Никако поинаку - вели српската докторка Радосављевиќ.

Н95 респираторите се исто така еднократни, но се подобра заштита затоа што многу добро легнуваат на лице. Тоа значи дека потенцијално Н95 респираторот може поефиксно да ве заштит од евентуална зараза, но експертите советуваат на луѓето да не ги користат превентивно, туку само оние кои се заразени и постарите лице и медицинските работници.

И хируршките Н95 маски по правило треба да се еднократни. Меѓутоа, во време на епидемија и пандемија, може да дојде до недостиг, паекспертите велат дека овие маски може да се носат повторно, додека не ја променат структурата и додека филтерот не е физички оштетен или извалкан.

Во време на пандеми9ја експертите препорачуваат под Н95 маските да се носи хируршка маска која веднаш после тоа ќе се фрли. Н95 маската треба да се извади без допирање на внатрешноста и да се чува во торба или ќесе од природен материјал, пишува healthleadersmedia.com.

Проф. д-р Андреја Трампужа, еден од најпознатите европски инфектолози за маските го вели следново:

-Заштитната маска може да се носи најмногу 3 пати. После тоа таа станува влажна, а кога е влажна, подложна е на неефикасна заштита - предупредува докторот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега