Експерти: Коронавирусот мутира

Новиот коронавирус мутира како и другите вируси и сега има осум типови и циркулира низ целата планета, сметаат експертите.

Добрата вест е дека мутациите не се смртоносни повеќе од познатиот , соопшти Тревор Бедфорд, чија страница NextStrain.org го следи геномот на вирусот користејќи примероци од целиот свет.

Експертите ги следат геномите на коронавирусот и откриваат видови што се појавија откако вирусот за прв пат се префрли од животно на човек на пазар во кинескиот град Вухан.

Нивната работа „покажува како вирусот мигрира и се дели на слични, но нови подтипови“, пишува USA Today.

-На прашањето дали генетски се менува, одговорот е апсолутно да, вели епидемиологот од Харвард, Марк Липчич.

-Прашањето е дали имало некоја промена што го одредува правецот на болеста или преносот или други работи што се важни за луѓето, додаде тој.

Новите типови само малку се промениле и нема разлика во опасноста со смртност, велат експертите.

-Забележаната стапка на мутација (околу два месечно) е доста честа појава за вирусите, напиша Бедфорд на Твитер.

-Грипот обично има ист број мутации, дури и малку повеќе, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега