Експерт: Светот едноставно не е подготвен да се соочи со епидемија на коронавирусот

 

Светот „едноставно не е подготвен“ да се соочи со епидемија на коронавирусот, истакна денеска експерт кој води заедничка мисија на Светската здравствена организација и Кина.

-Треба да бидете подготвени да владеето со тоа на поголемео ниво, и тоа треба да се направи брзо, но светот едноставно не е подготвен, истакна Брус Ејлвард по враќањето од Кина, поздравувајќи ја работата на Пекинг за сузбивање на ширењето на болеста.

Мисијата на СЗО во која бил посети повеќе кинески градови и провинции, вклучувајќи го и Вухан со цел да се проучи развојот и ефектите на коронавирусот.

-Едногласната проценка на тимот е дека тие (Кинезите) го променија текот на епидемијата, тоа е фрапантно, истакна Брус Ејлвард, кој учествуваше и во борбата против епидемијата на ебола.

Рече дека би сакал да се лечи во Кина кога би го имал ковид-19, болест предизвикана од коронавирус. Тој укажа на напорите на Кина болниците да се опремат и да се изградат нови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега