Ексхумација и обдукција на родилката од Прилеп која почина на 10 јануари

Прилепското Основно јавно обвинителство денеска издаде наредба за ексхумација на телото на 33-годишна родилка од селото Црнилиште, општина Долнени која починала на 10 јануари по породувањето во Општата болница во Прилеп. На лице место во селото тимот на Судска медицина од Скопје направи и обдукција.

Според основната јавна обвинителка Маријана Илиеска обдукцијата е на лице место за да се избегнат тензии.

-За да нема отпор и тензии меѓу населението на селото Црнилиште екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направија обдукција на лице место. Обвинителството реагираше по допрен глас, изјави Илиеска.

Триесет и тригодишната родилка на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но, веднаш по породувањето имала обилно крвавење. Сите напори на персоналот биле залудни и околу 4 часот изутрината на 10јануари родилката починала.

Прилепското основно јавно обвинителство ќе го чека наодот од обдукцијата на родилката

17.01.2022 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега